Путер од лешници

100% ЧИСТО. ЗДРАВО. ОРГАНСКО

ВКУСЕТЕ ГО
Product Zaumfood

Зошто нашиот путер од лешници е толку вкусен?

Бидејќи вкусот е едноставно уникатен! Тајната е во нашиот специјален рецепт, внимателно одбраните состојки, и посветеноста во секој чекор на подготовката. Тука сакаме да ви кажеме повеќе за ЗАУМ и целата страст што ја ставаме во секоја тегла, секој ден. Избираме само најсвежи лешници, кои ги претвораме во непогрешлив вкус што го прави нашиот путер уникатен уште од самиот почеток. Љубовта, страста, посветеноста, и големата грижа се состојките што ќе ги најдете во секоја ЗАУМ тегла, затоа што го сакаме нашиот путер онолку колку што ги сакаме нашите клиенти и потрошувачи. Сакаме да ви го овозможиме само најдоброто, како што правиме уште од самиот почеток.

hazelnuts

Нашиот Путер од Лешници

Нашата Филозофија: Чиста, Здрава, и Органска храна која е превкусна! Ние веруваме во здравата и супериорна моќ на суровините од Мајката Природа, како што е лешникот. Лешниците се богат извор на витамини и минерали како витамин Е, манган и бакар. Покрај тоа, тие имаат висока содржина на омега-6 и омега-9 масни киселини, а се богати и со фенолни соединенија за кои ја зголемуваат антиоксидантната заштита во организмот

Гарантираме дека сите наши состојки потекнуваат од одржливи извори и дека нашите тегли путер од лешници немаат адитиви, конзерванси и палмово масло. Работиме напорно за да ви испорачаме мала количина на добрина за вас. ЧИСТ, ПРИРОДЕН И ЛОКАЛЕН Продукт. Развивме вкусни рецепти за да се осигураме дека ги добивате уникатните здравствени придобивки од различните состојки.

Путерот од природен лешник е произведен од најдобрите, минимално обработени состојки земени од Македонија. Со мазна кремаста текстура и богат вкус, путерот од природен лешник на Заум дава и високо квалитетен макронутриентен профил и сензација на вкус.

Здраво, Превкусно, Без вештачки засладувачи и Глутен

Нашите производи се органски, здрави, и направени од најдобрите одбрани лешници. Дали спомнавме и дека се без глутен и палмино масло, а истовремено превкусни? Да, нашиот путер од лешник е целосно здрава, природна, и органска закуска! Засладен е со органски мед, и воопшто не користиме сол. Исто така, не употребуваме млечни производи, што го прави нашиот путер од лешник и пријатна ужина за вегетеријанци и вегани. Нудиме сертифицирани производи кои се подложени на строги тестови и инспекции кои гарантираат квалитет.

Во рамките на одгледувањето на нашите лешници, користиме многу мала количина на отпад, а употребуваме и сопствена фотоволтаична централа преку кои максимално го користиме сонцето за нашиот производствен процес, и оставаме мал печат за зачувување на животната средина. Во рамките на Bio Suisse стандардите, ние купуваме од производители кои оставаат барем 7% од својата земја го оставаат на природата да го користи како што таа најдобро знае. Нашиот производ е еден од ретките кој истовремено ги поседува HACCP, ISO22000, ХАЛАЛ, Органик ЕУ и Органик МК сертификатите! Со добивањето на овие сертификат, потрошувачите кои бараат производи со врвен квалитет и создадени на одговорен начин, можат да бидат сигурни дека нашите производи ги поседуваат овие квалитети. Дополнително, на секои 100 продадени тегли, порадуваме 1 садница на семејство или нови земјоделци кои не се во можност да ја купат. Тоа го правиме преку нашата социална програма. Ние коистиме електрична енергија од сопствена Фотоволтаична централа со што го намалуваме загадувањето и работиме за здрава животна средина.

ЗАУМ ДОАЃА ВО РАЗЛИЧНИ
ВКУСОВИ

органски путер од лешник 100% лешник ( 185g )

  Органски путер од лешни

ден 250.00

Органски путер од лешник, мед и какао ( 185g )

Органски путер од лешник, м...

ден 250.00

кралски крем ( 185g )

Крцкави лешници и мед

ден 250.00

ПРОСЛЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОИЗВОД

Внесете го вашиот код
видете ги состојките

Што Велат Потрошувачите

Новости