Печен лешник

ден 350.00

Органски печен лешник

Тежина

500g

Количина

За продуктот

Што Велат Потрошувачите

hazelnuts

Путерот од лешник

Сакате да понудите нешто различно на вашите потрошувачи? Во ЗАУМ Органик, ние секогаш работиме да создадеме нешто превкусно и уникатно. Бескомпромисниот квалитет кој го нудиме е една од нашите суштински вредности како компанија! Ние го сакаме она што го произведуваме, и умееме да направиме највкусен производ од лешници! Преку неуморна иновација и посветеност, го создадовме нашиот путер од лешник со визија да ја промениме иднината на прехрамбената индустрија, преку секој вкусен залак, и преку збогатување на секој поврзан производ истовремено. Путерот од лешник е нашиот предводник! Погоден е за производство на намази, вафли, и кремови за полнење бисквити, сладоледи и многу други производи. Со текот на годините, достигнавме висок степен на специјализација во неговото производство. Горди сме што создадовме премиум продукт подготвен од состојки кои сите потрошувачи ги сакаат! Ние сме посветени и мотивирани кон производството на здрава, органска, и безбедна храна со одличен квалитет со цел да останеме лидери на пазарот, но и да постигнеме поголемо задоволство кај нашите клиенти.

ЗАУМ Путер од Лешници! Направен за Вас!

ДРАГИ ЉУБИТЕЛИ ЗА ЗДРАВАТА ИСХРАНА. ЗНАЕМЕ ДЕКА ВИСТИНСКИ ВКУСНА ОРГАНСКА ХРАНА Е ТЕШКО ДА СЕ НАЈДЕ НИЕ ГО НУДИМЕ НАЈНУТРИТИВНОТО РЕШЕНИЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ, ЕНЕРГИЈА, И ЖИВОТ. ЗАУМ путерот од лешник е Вашата клучна состојка за здрав, органски, и хранлив оброк.

Ви нудиме закуска која е: Богата со витамини и протеини: Нашиот превкусен путер од лешници е богат со витамини и протеини со кои ќе го започнете денот енергично, ќе се изборите со заморот, или ќе го консумирате пред тренинг. Без преработени шеќери: Никогаш не користиме рафиниран шеќер во нашиот путер, а тоа го прави вкусен за луѓето кои сакаат да се хранат здраво и го контролираат внесот на шеќер. Не употребуваме штетни сирупи, полнила или конзерванси. Едноставно користиме органски, лесни состојки кои можат да се берат директно од природата. За сите оние моменти кога сакате да си дозволите нешто здраво и слатко! ЗАУМ путерот од лешници ви го пружа тоа задоволство! Го имаме вкусот кој ви е потребен!

заум путер

hazelnuts

Најчесто поставувани прашања

Зошто над производот има масло? hazelnuts

Маслото е јасен показател за тоа дека производот е максимално природен, и направен без штетни хемиски додатоци. Маслото излегува над путеро и пред јадење е препорачливо путерот да се измеша убаво за повторно сврзување на маслото.

Какви алергени има путерот од лешник? hazelnuts

Самиот лешник е алерген. Поради тоа, истиот е обележан на етикетата.

Каде а најдобро да го чувам путерот од лешник? hazelnuts

Наш предлог е путерот од лешник да не се чува во фрижидер. Доволно е да се чува на темно место и температурата да не надминува 25 степени.

Дали путерот од лешник има додатоци на сол? hazelnuts

Не. Нашиот путер од лешник нема никакви додатоци од сол.

Дали користите шеќер? hazelnuts

Не. 100% путерот од лешник нема никаков задсладувач а во другите путери се користи органски мед. Никогаш во нашите производи не додаваме шеќери.

Дали користите палмино масло или дополнително масло?
Изгледа дека путерот е доста течен? hazelnuts

Во нашите продукти не додаваме дополнителни масла или палмино масло. Самото масло што излегува над производот е од лешникот.

Новости