Начин и услови за достава

 

По направената online нарачка на производите, вашите податоци (Име и Презиме, Адреса, Телефонски број, Количина, и вид на производ) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до компанијата која ја врши дистрибуцијата.


Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена при самата порачка. Доколку компанијата дистрибутер не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во Нелкоски Органик Фуд ДООЕЛ с.Драслајца Струга. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.


Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/ подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.


При преземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт (квантитативен и квалитативен прием). Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата до продавачот треба да ја пријави веднаш. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.


Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши во рамки на работното време на Нелкоски Органик Фуд ДООЕЛ с.Драслајца Струга (пон-пет од 08:00-16:00 ч.). Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Македонија.


Од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 5 работни дена (најчесто времето на испорака изнесува 3 работни дена).


Трошоците за достава на производите зависат од сумата на нарачката и истите се поставени на онлине продавницата.  Цените важат за градовите низ цела Македонија.


Нелкоски Органик Фуд ДООЕЛ с.Драслајца Струга


Април, 2020