Услови за рефундирање
Прочитајте ги условите под кои вршиме рефундирање на средства
Нелкоски Органик Фуд ДОО с.Драслајца Струга, овозможува рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата https://store.zaumorganic.com/ , под долунаведените услови:
- Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број 075 402 802 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@zaumorganic.com со наслов „Рефундурање на средства“, и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
- Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура/испратница). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во Нелкоски Органик Фуд ДООЕЛ на адреса: с.Драслајца, 6330 Струга.
- Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура или испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција.
- По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата https://store.zaumorganic.com/ има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето , односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.